Овој серијал ќе се состои од неколку делови за тоа како може да се развие една 2Д игра на Windows 8.

Прв Дел – Подготовка

Втор Дел – Цртање Спрајтови

Трет Дел – Логика На Игра

Четврт Дел – Дотерување

Со XNA многу лесно и брзо може да се развијат мали игри или прототипи, а исто така може да се развијат и посериозни игри како Fez, Terraria, Bastion итн. За жал, Microsoft одлучија да не го продолжат развивањето на XNA Framework-от, и игрите креирани со него не може да се објават на Windows Store. Од друга страна, обичните десктоп апликации функционираат без проблеми. Поради тоа, морав да побарам некаква алтернатива.

MonoGame е еден од поразвиените open source проекти кои што го имплементираат XNA Framework-от за лесно портирање на XNA апликации на други платформи (Mac, Android итн), но исто така може да се користи за развивање нови игри. Благодарение на Том Спилман и Џејмс Форд од SickHeadGames и уште неколку други талентирани девелопери, MonoGame сега го подржува и Windows 8. Апликациите кои што се креираат со MonoGame може да се објават на Windows Store. Во овој серијал, со помош на MonoGame планирам да ви покажам како може да се креира Pong, кој што се смета за “Hello World!” во Game Development 🙂

Другите алтернативи за креирање игри кои може да се користат со цел објавување на Windows Store се користење HTML5/JavaScript или DirectX.

             

Подготовка на Системот

Пред да преминеме на сетирање на MonoGame, потребен е следниот софтвер (пожелно е да се инсталира во овој редослед):

  1. Windows 8 (Release Preview може да се спушти бесплатно тука)

Сигурно се прашувате зошто ви треба Visual Studio 2012 for Windows Phone. Во XNA постои Content Pipeline кој што се користи пред компајлирање за да се подготват графичките податоци (слики, спрајтови, модели итн.), звучните податоци (звуци, музика) и други екстерни податоци. Content Pipeline-от сеуште не е интегриран во Windows 8 верзијата на MonoGame, па затоа ќе треба да ги компајлирате екстерните податоци во Visual Studio 2012 for Windows Phone (кој што подржува XNA проект) и потоа да ги копирате во вашиот Visual Studio 2012 for Windows 8 проект. Повеќе за ова во еден од наредните делови на овој серијал.

Доколку имате Visual Studio 2012 Professional или Ultimate, ќе треба да го инсталирате Windows Phone 8.0 SDK за да можете да креирате XNA Windows Phone проект.

Во случај да имате некакви проблеми, оставете коментар подолу.

Подготовка на MonoGame

Постојат два начини на кој што може да се инсталира MonoGame. Првиот е преку обичен installer од тука. А вториот (кој што ќе го објаснам тука) е преку Git репозиторија. Зошто вториот? Затоа што инсталерот ретко се update-ира, додека во Git репозиторијата секојдневно се поправаат различни багови и се додават нови feature-и.

За овој дел потребен ви е некаков Git client. Јас го користам TortoiseGit бидејќи е доста едноставен. Доколку сакате можете да користите друг клиент.

  1. Спуштете и инсталирајте TortoiseGit.
  2. Спуштете и инсталирајте Git.

По комплетирањето на инсталациите треба да се клонира кодот на MonoGame. За да го направите тоа најпрво навигирајте во некој фолдер по ваш избор каде што ќе ги спуштите сите потребни податоци. Јас ќе направам клон на мојот десктоп.

Забелешка: Комплетниот клон вклучува StarterKit-ови и Sample проекти па затоа е голем околу 1.6GB.

Притиснете десен клик на празно место на десктоп, потоа притиснете на Git Clone…

Ставете ја следната адреса во URL полето: https://github.com/mono/MonoGame

Чекирајте го Recursive полето и притиснете OK.

Сега ќе треба да почекате некое време додека не заврши процесот на клонирање. Како што напоменав погоре, клонот е околу 1.6GB.

Креирање и Имплементација на MonoGame Template во Visual Studio 2012

Откако ќе заврши процесот на клонирање:

  1. Отворете го MonoGame фолдерот и навигирајте во ProjectTemplates\VisualStudio2012\Game
  2. Креирајте ZIP од сите датотеки во фолдерот.
  3. Копирајте ја ZIP датотеката во Visual Studio 2012 Visual C# Templates директоријата.

    C:\Users\Корисничко име\Documents\Visual Studio 2012\Templates\ProjectTemplates\Visual C#

  4. Бонус: Доколку го сакате и XAML темплејтот направете го истото за датотеките во MonoGame\ProjectTemplates\VisualStudio2012\XamlGame

Тестирање на MonoGame

  1. Пуштете го Visual Studio 2012 for Windows 8 (или Visual Studio 2012 ако имате Pro или Ultimate верзија) и креирајте нов проект.
  2. Под Visual C# сега треба да имате MonoGame темплејт(и). Одберете го Game темплејтот и притиснете ОК.
  3. Бидејќи темплејтот е истиот од инсталерот, референците до библиотеките имаат погрешен Path. Селектирајте ги сите референци како на сликата подолу и избришете ги:
  4. Притиснете десен клик на Solution –> Add –> Existing Project.
  5. Навигирајте во MonoGame\MonoGame.Framework и додадете го MonoGame.Framework.Windows8.csproj проектот.
  6. Сега треба да додадете Reference во вашиот проект до MonoGame проектот. Притиснете десен клик на References –> Add Reference…
  7. На левата страна одберете Solution –> Project и чекирајте го полето како на сликата подолу. Потоа притиснете ОК.
  8. Притиснете F5 за да компајлирате и да ја лансирате апликацијата. Ако ви се појави сина боја, процесот е успешен.

Доколку имате некакви проблеми, оставете коментар подолу.

Во наредниот дел, ќе започнеме со развивањето на Pong.

Advertisements